hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Раул го објави поширокиот мундијалски список

28904078858 29e904a365 b

Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез, го објави поширокот список на ракометари за престојното СП во Германија и Данска. На негo се наоѓаат 28 ракометари, од кои селекторот ќе ги одбере најдобрите кои ќе ги пријави за натпреварите во јануари 2019 година.

Сениорската репрезентација се наоѓа во група Б со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Минхен.

Македонија натпреварите ги започнува на 11 јануари против репрезентацијата на Јапонија, потоа на 13 јануари противник е Бахреин, ден подоцна Хрватска, на 16 јануари сениорите играт против Шпанија. Во последното коло противник на Македонија е репрезентацијата на Исланд.

sirok spisok SP

Share