hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Перфектен меч на Нант, победен Ним на гостински терен

nim - nant. 2jpg

Ним – Нант 25:30 (16:16)

Ракометарите на Нант запишаа нова значајна гостинска победа во францускиот шампионат, откако во рамките на 12. коло славеа на теренот на Ним со 25:30 (16:16). Во очекување на резултатот од дербито меѓу ПСЖ и Шамбери, Нант се искачи на врвот на табелата.

Цел прв дел беше израмнет, двете екипи се менуваа во водството, а резултатот дури шест пати беше во егал. Пранди и Санаде беа расположени кај домаќините, а Делакруа и Балангер погодуваа за гостите. Така со 16:16 се замина на одмор со отворени карти за вториот дел.

Eвропскиот вицешампион многу подобро го започна вториот дел, се разигра Клерк, погодуваше и Фалувеги и на половина од вториот дел Нант веќе имаше +7. Изостана реакција на Ним, екипата на Анти покажа многу повеќе свежина и не ја повтори грешката од Целје, каде што му дозволи на домаќинот целосно да се врати во мечот.

Ним целосно се предаде и Нант лесно го приведе натпреварот кон крај за победа од 25:30. Најефикасни поединци во таборот на Нант беа Балагер и Ривера со по шест и Пешмалбек и Ривера со пет гола. Нашиот Кирил Лазаров запиша еден погодок, a Думулин собра 12 интервенции. Во домашниот тим најдобри стрелци беа Пранди со четири и Санад со седум гола.

Share