hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант прокоцка победа и се враќа со бод од Целје

celje - nant

Целје Пивоварна Лашко - Нант 29:29 (15:19)

Ракометарите на Нант вторпат оваа сезона во Европа одиграа нерешено и пак на гостински терен. По нерешениот резултат на теренот на ППД Загреб, сега европскиот вицешампион пропушти можност за победа во Целје против словенечкиот шампион (29:29). Екипата на Тјери Анти имаше позитивни и негативни амплитуди и на крајот треба да жали што не го однесе целиот плен.

Дуелот започна со многу грешки, но Французите го диктираа темпото, постојано имаа предност и се чинеше дека ќе го прекршат натпреварот во своја полза. Клерк диригираше, а Димулин феноменално бранеше за +4 на полувреме. Но, се разиграа Акамбре и Малуш и Целје се врати во натпреварот.

Следеше игра гол за гол, па реакција на Лазаров и Белегер за +3 за гостите во завршницата. Но, Нант пак ја остави работата незавршена и Целје со гол во последната минута израмни на 29:29.

Кирил Лазаров постигна четири гола, а во неговиот тим се истакнаа уште Делакруа со шест гола и Пешмалбек со пет погодоци. Кај словенечкиот шампион најпозитивни беа Бранко Вујовиќ со шест и Тилен Кодрин со пет гола.

В среда во рамките на францускиот шампионат, Нант се среќава со екипата на Ним.

Share