Златна победа за Нант на гостувањето кај Сант Рафаел
Сант Рафаел – Нант 24:29 (11:14)
Нант запиша значајна победа на теренот на Сант Рафаел со 24:29 во рамките на 10. коло на францускиот шампионат. Кирил Лазаров одигра само неколку минути и превентивно беше заштеден заради болки во грбот.
Делакруа и Ниокас одлично отворија и Нант постојано водеше во првите 20-тина минути. Сармиенто и Вињерон возвратија, но екипата на Анти делуваше постабилно и на одмор замина со 11:14.
Европскиот вицешампион подобро го отвори и вториот дел и Пешмалбек и Клер со серија 4:2, ја зголемија предноста на 17:22 во 39. минута. Думулин одбрани неколку топки, Белегер реализира два контра напади за огромни 19:25 на половина од вториот дел. Искусна екипа како на Нант не дозволи изненадување и извојува победа од 24:29.
Најефикасни поединци во екипата на Нант беа Белегер со седум и Делакруа со пет гола, а кај домашниот тим на Сант Рафаел се истакнаа Сошето и Вињерон со по четири гола.