hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Претседателот на Нант: Горди сме што во своите редови имаме калибар како Лазаров

peletie

Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, човек со голема визија во играта и лидерство, Кирил Лазаров го подигна Нант на едно повисоко ниво од претходно и клубот одговори на добрите игри со нов двегодишен договор.

Претседаелот на клубот Нант, Гаел Пелетие беше презадоволен од потпишаниот договор.

„„Преговорите беа кратки, бидејќи волјата беше вообичаена. Лазаров е еден од најдобрите ракометари на светот и тоа го покажа со своите настапи за овој клуб. Оваа сезона е сеприсутен и има доминантна улога во резултатите на тимот. Затоа, природно беше да му понудиме нов договор. Нант е горд што во своите редови има играч од калибарот на Лазаров", вели Пелетие.

Веројатно Лазаров ќе наниже преку две децении учества во Лигата на шампионите, натпреварување кое не може да мине без нашиот леворак бомбардер. Уште во сезоната 1994/95, Лазаров дебитираше за Борец во Купот на шампионите на дуелите против Динамо Букурешт.

Share