hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант изненаден пред своите гледачи од Мотор

kiresomotor

Нант – Мотор Запорожје 23:27 (13:12)

Украинскиот шампион Мотор Запорожје приреди големо изненадување и го победи европскиот вицешампион Нант среде Францијa со 23:27 (13:12) во натпревар од осмото коло на Лигата на шампионите.

Првиот дел беше целосно израмнет и украинскиот првак покажа дека ремито пред една недела не беше случајност. Пак главните адути на францускиот претставник беа Клер и Лазаров кои во првиот дел постигнаа десет гола и парираа на незгодните гости. Сепак, погодуваа и Маласинскас и Бабичев и на одмор се заминаа само со гол предност за „канаринците" (13:12).

Гостинскиот голман Генадиј Комок правеше чуда и буквално ги сопре ракометарите на Нант.
Домашната екипа дојде до изедначување со погодокот на Рок Фелињо за 21:21 во 51. минута. Сепак, Мотор Запорожје во завршните со серија од 5-1 ја потврдија победата со 23:27.

Лазаров постигна пет гола, еден помалку од Николас Клер. Во составот на Мотор Запорожје најефикасен беше Аиденас Маласинскас со осум гола.

Share