hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант им се врати на победите, Лазаров и Ривера донесоа значајни гостински бодови

DsEe1GNWkAcrxHi

Аикс – Нант 25:29 (13:16)

Ракометарите на Нант им се вратија на победите во францускиот шампионат, откако во рамките на деветтото коло го совлада Аикс во гости со 25:29 (13:16). Со оваа победа екипата на Анти се врати на второто место на табелата, зад лидерот Шамбери.

Дуелот започна израмнето, Ривера и Клер погодуваа во серија, но и домашниот Аикс одговараше. Јосу и Ларсен постигна по два гола и во половина полувреме дури шест пати резултатот беше израмнет.

Кога првпат погодија Лазаров и Белегер, европскиот вицешампион поведе со 8:10. Нашиот репрезентативен капитен брзо влезе во ритам, постигна уште два гола за 10:13 на пет минути до крајот. „Канаринците" ја задржаа предноста и на одмор заминаа со 13:16.

Аикс подобро го започна вториот дел и со два гола на Мартин Ларсен израмни на 16:16. Следеше поцврста игра во одбрана, Думулин одбрани неколку топки и Турна со два гола на половина од вториот дел донесе +2 за гостите. Искуството на Лазаров и Ривера ги одби сите напади на домаќините и Нант извојува значајна победа од 25:29.

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Ривера и Клер со по шест и Лазаров со пет гола, а кај Аикс се истакнаа Ајмерик, Ларсон и Јосу со по четири гола.

В недела од 17:00 часот Нант го пречекува Мотор во рамките на деветтото коло од Лигата на шампионите.

Share