hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова блескава партија на Лазаров, Нант во четврфиналето на Лига Купот

Dp9mrJNX4AAbeBN.jpg large

Ним - Нант 30:37 (17:18)

Кирил Лазаров ќе дојде во Македонија на репрезентативната пауза во одлична форма. Имено, нашиот репрезентативен капитен го одведе Нант во осминафиналето на Лига Купот на Франција со победата во Ним со 30:37. Лазаров постигна шест погодоци и запиша две асистенции во уште едно феноменално издание.

Натпреварот беше израмнет и првиот дел целосно мина во знакот на менување на водството од двете страни. Нант го доби првиот дел со 17:18. Во вториот дел Лазаров погоди четири пати и беше еден од клучните ракометари за високата победа.

Кај Нант шест пати погоди и Николас Клер, а најпрецизен беше Давид Балагер. Кентан Депуи беше најпрецизен со шест голови кај поразениот Ним. Нант традицинално добро игра во Куп-натпреварувањата и оваа победува ветува многу и сезонава.

Лазаров утре се враќа во Македонија и од понеделник ќе му се стави на располагање на селекторот Раул Гонзалез за репрезентативните обврски.

Share