hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров погодуваше без промашување, Нант со седма победа во шампионатот

Dpu-UP9W0AAmiew

Истрес - Нант 32:35 (16:21)

Нант останува максимален и по седум кола во францускиот шампионат, откако го совлада Истрес во гости со три гола разлика. Уште една одлична партија демонстрираше Кирил Лазаров, кој ја потврди својата одлична форма и одигра клучна улога во нов триумф на својата екипа.

По изедначениот почеток, во финишот на првиот дел ракометарите на Нант резултатски се одлепија и на одмор заминаа со позитива од +5 . Во продолжение тимот на Кирил Лазаров само рутински ја чуваше предноста и на крајот сосема заслужено славеше нова победа.

Dpu2j4dXgAEA3qG

Капитенот на македонската репрезентација постигна пет погодоци од исто толку обиди во меч во кој избраниците на Тјери Анти доминираа од првата до последната минута. Лазаров сите пет гола ги постигна со удари од девет метри, а седмерците ги реализираше Шпанецот Ривера. Кај Нант најефикасен беше кружниот напаѓач. Турнат со девет погодоци, а четири пати прецизен беше Еспен Ли Хансен.

Во следното 8. коло на 7 ноември, Нант ќе се сретне со единствената останата максимална екипа во Франција, Шамбери.

Share