hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Раул го објави поширокиот список за мечевите со Грција и Турција

reprezentacija spisok

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација г-дин Раул Гонзалез го објави поширокиот список на 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 25 октомври против репрезентацијата на Турција во салата „Боро Чурлевски" во Битола со почеток во 20:15 часот.

Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Кожани на 28 октомври (недела).

список мкд ракомет

Share