hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го урна и Целје, Нант врза серија на победи

DpfNZIbU0AAvOu2

Нант – Целје Пивоварна Лашко 38:27 (17:13)

Ракометарите на Нант влегоа во позитивна серија и во Лигата на шампионите и го декласира првакот на Словенија, Целје Пивоварна Лашко со 37:28. Во текот на целиот натпревар, екипата на Тјери Анти водеше, доминираше и не дозволи противникот ниту да доближи.

По изедначениот старт, домаќините ги искористија грешките на Словенците и се одлепија до 6:2. Се разбрани Думулан, но слично беше и на спротивната страна, па скоро цело прв полувреме разликата во поза на Нант се движеше од 2 до 4 погодоци. На пауза се замина со 17:13.

Домашните ракометари ја презедоа контролата врз играта и на почетокот на вториот дел и носени од нашиот Лазаров и Балагер постепено го зголемуваа водството, кое на крај достигна до +11 (38:27).

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Кирил Лазаров со седум голови, а голманот Думулан имаше 15 интервенции. Кај Целје Пивоварна Лашко се истакнаа Бранко Вујовиќ и Тилен Кодрин со по шест погодоци.

Share