hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров автор на победоносниот гол, Нант го совлада Сесон Рен

nant - ren 1

Нант - Сесон Рен 29:28 (13:15)

Со голот на Кирил Лазаров на шест секунди во крајот, Нант ја продолжи серијата на победи во домашниот шампионат. Потешко од предвиденото е совладан тимот на Сесон Рен со 29:28 во шестото коло на францускиот шампионат. Лазаров беше феноменален и постигна девет гола, вклучувајќи го и победоносниот.

nant - ren 2

Нант започна лошо и постојано го бркаше водството на противникот. После 2-6 на самиот старт, следеше меч во кој Клер и Лазаров не им дозволија на гостите од Рен да се одлепат. Вториот дел целосно беше израмнет, двете екипи имаа свои моменти, а мечот претрпе и безброј изедначувања. Така, кога најмногу требаше Лазаров постигна победоносен гол за продолжување на серијата победи на домашна сцена.

Покрај Лазаров, втор стрелец на Нант беше Николас Клер со осум гола, додека Думолан запиша само пет одбрани. Оваа победа воедно беше и одличен меч на кој Нант предводен од Лазаров одлично се загреа за пресметката со Целје во Лигата на шампионите од петтото коло.

Share