hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ПСЖ му се реваншира на Нант во француското дерби во ЛШ

Do1koUAXUAAgUBZ

ПСЖ – Нант 35:34 (19:16)

Моќниот тим на ПСЖ на македонскиот селектор Раул Гонзалез го совлада Нант на Кирил Лазаров со 35:34 во еден од дерби натпреварите од четвртото коло на Лигата на шампионите. Мечот во Париз мина во знакот на постојано водство на домаќините и покрај одличната партија на Лазаров, кој постигна шест гола.

Домашната екипа многу подобро го започнал натпреварот и преку Лука Карабатиќ и леворакиот Ремили, кои заедно постигнаа седум гола во првите 15 минути поведоа со 11:5. Најнапред Делокруа, па и Лазаров посигнаа неколку гола за 13:9 во 21. минута. Се разигра и Никола Крабатиќ, постигна уште четири гола и само Лазаров и неговите три гола парираа до одморот (19:16).

Нашиот Лазаров одлично го почна и вториот дел, постигна уште два гола, но ракометарите на Нант немаа решение за Ремили, кој го одржуваа тимот на Раул во водство. Упорното ловење на резултатот им се исплати на гостите и Балагер погоди за израмнување во 38. минута (26:26).

Сепак, Ремили и Генсхајмер брзо реагираа и пак „светците" го презедоа водството. Микел Хансен постигна неколку неодговорени гола и ПСЖ влезе со +3 во последните десет минути. Искусниот француски шампион ја задржа таа предност и извојува победа со 35:34.

Најефикасни поединци во тимот на ПСЖ беа Ремили со осум и Лука Карабатиќ со седум гола , а кај Нант се истакнаа Лазаров, Ривера и Клер со шест гола.

Share