skolo logo fb

logo-kmg

hummel Logo 160

LIVESCORE.in
OFF

Скјерн немоќен во Франција, прва европска победа сезонава за Нант

nant - skjern

Нант – Скјерн 35:27 (17:16)

По победата над Монпелје во францускиот шампионат во средата, ракометарите на Нант ја запишаа и првата победа во Лигата на шампионите. Во Франција падна Скјерн со 35:27 (17:16) и Нант ги залечи раните по поразите од Флензбург и ПИК Сегед.

Скандинавците подобро го почнаа натпреварот и поведоа со 1:3. Но, полека се разигра Клерк, лесни голови од контра напади реализира Белегер и европскиот вицешампион ја врати предноста. Сепак, за разлика од четвртфиналето во минатата сезона, сега Скјерн беше порамноправен и со головите на Егерт до полувремето се доближи до 17:16.

DoWvWQGW0AIQ1RS.jpg large

Клучниот момент во мечот се случи на почетокот од второто полувреме, кога избраниците на Тјери Анти се одлепија на +5 и потоа само ја зголемуваа предноста. Ривера и Турна го наполнија голот на Скјерн, се приклучи и Лазаров и на крајот Нант извојува победа од 35:27.

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Балагер со седум, Клер, Турна и Ривера постигна по пет, а Лазаров беше автор на четири гола. Кај Скјерн се истакнаа Егерт и Танген со по седум гола.