hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Три од три за Нант во шампионатот, победа на незгодниот терен во Иври

DnkCKwhW4AIIPhD

Иври – Нант 24:32 (10:12)

Ракометарите на Нант ја запишаа третата победа во исто толку натпревари во францускиот ракометен шампионат. Вечерва во Иври, Лазаров и другарите славеа на теренот на Иври и потврдија дека заборавиjа на поразот од Флензбург во Лигата на шампионите. Од самиот почеток ниту една од екипите не успеваше резултатски да се одлепи. Во 12. минута Иври поведе со 6:4, на што Нант возврати со серија од 0:4, го презеде водството и го задржа до крајот на првиот дел (10:12). Лазаров успеа да запише еден погодок во овој период од средбата.

На стартот на вториот дел, Нант одигра фуриозно и со серија на голови се одлепи на +5 со одличен учинок на Лазаров, што на крајот се покажа и како доволно за сигурна победа од 24:32.

Најефикасни поединци во тимот на Тјери Анти беа Давид Балагер со седум гола, а нашиот Лазаров, како и Валеро Ривера мечот го завршија со по четири погодоци. За време на викендот Нант гостува во Унгарија кај ПИК Сегед.

Share