hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Флензбург со полн плен се враќа од Нант

flesnburg - nant 3

Нант – Флензбург 31:34 (16:18)

Дерби дуелот на неделната понуда од првото коло на Лигата на шампионите го одиграа Нант и Флензбург. Пред преполна сала во Франција, германскиот шампион извојува победа со 31:34 и една од ретките екипи која го совлада Нант во неговиот дом.

Дуелот започна изедначено, со брзи и лесни голови од двете страни. Нападите беа подобри од одбраните, а ни голманите не се истакнаа. По дури седум изедначувања, Лазаров влезе во втората половина на полувремето и веднаш погоди. Но, првакот на Германија како да имаше повеќе свежина и преку Гландорф и Лауге Шмит прв се одлепи. Бековите на Флензбург погодија за 14:17 на две минути до крајот на првиот дел. По два тајм-аути во финишот на полувремето, гостите на одмор заминаа со +2.

Буриќ одлично го почна вториот дел и Хампус Ване со неколку голa ја одржуваше предноста од 2-3 гола. Нант возврати преку Клер и неговите три врзани гола, но подобрата игра во одбрана, Германците ги донесе пред портите на триумфот. Род даде неколку гола од транзиција за 24:30 во 50. минута.

Финишот на Нант беше задоцнет, Ривера постигна уште еден гол, „бомба" погоди и Лазаров, но беше предоцна и Германците си заминаа со победа од 31:34. Најефикасни поединци во таборот на Нант беа Ривера со шест и Клер со пет гола, а кај Флензбург се истакнаа Род со шест и Лауге Шмит со пет гола. Кирил Лазаров запиша два гола.

Share