skolo logo fb

logo-kmg

hummel Logo 160

LIVESCORE.in
OFF

Македонските младинци го освоија ЕХФ шампионатот и се изборија за учество на ЕП

mkd ehf sampionat

Младинската репрезентација на Македонија оствари голем успех и се пласира на Европското првенство. Момците на Данило Брестовац вечерва триумфираа на ЕХФ шампионатот во Скопје, откако во финалето полесно од очекувањата ја совладаа Белорусија со 29:23 (15:10).

Во ниту еден момент од мечот не дозволивме пад во играта, Матеј Петковски блесна на голот со 14 интеревенции, па со леснотија ја одржувавме високата предност и не му дозволивме на противникот да фати резултатски приклучок.

По завршувањето на финалната средба избран е и идеалниот тим на првенството. Иако Македонија убедливо го освои шампионатот и на сите средби загуби само еден бод, во идеалниот тим на првенството имаше место само за нашиот Марио Танкоски, кој е избран за најдобар лев бек.

Идеален тим:

Голман: Тригвасон (Фарски Острови)

Лево крило: Јоваисас (Литванија)

Лев бек: Танкоски (Македонија)

Среден бек: Хирик (Белорусија)

Кружен напаѓач: Бурзак (Украина)

Десен бек: Алјокин (Белорусија)

Десно крило: Дантино (Италија)

Најдобар дефанзивец: Новак (Швајцарија)

МВП: Руџ (Белорусија)

Откако пред две години во Данска, под водство на Александар Јовиќ, македонската У20 селекција го свои последното 16-то место и не избори пласман на Европското првенство во Словенија, денес оваа генерација го врати престижот на нашиот младински ракомет.