hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров, Омејер, Ловгрен и ревија на ѕвезди на прошталниот натпревар на Јиха

Df3aPRGWkAAaxu0

Еден од најдобрите чешки ракометари на сите времиња, Филип Јиха вчера го одигра и последниот натпревар во кариерата. Во Плзен, Кил и ѕвездите против Барселона и ѕвездите го одиграа натпреварот кој означи крај на кариерата на некогашниот соиграч на Кирил Лазаров.

Со солзи во очите, Филип му кажа збогум на ракометот. Нашиот Кирил Лазаров настапуваше со Јиха во Барселона и заедно освоија серија на трофеи. Покрај Лазаров на ревијалиот натпревар настапија Омејер, Паличка, Кавтичник, Ловгрен, Нарсис, Штефан, Сигурдсон, Ентрериос и многу други.

Во кариерата Јиха освои преку 30 трофеи, две шампионски титули од Лигата на шампионите и две од ИХФ Супер Глоб. Од следната сезона Јиха ќе седне на клупата на Кил.

Share