hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија се избори за ново СП

mkd rom

Романија – Македонија 26:25 (12:11)

Македонската ракометна репрезентација се квалификува за Светското првенство во Германија и Данска, откако загуби од Романија во вториот натпревар игран во Клуж со 26:25.

Со два гола на Лазаров и два на Манасков, нашата репрезентација многу позитивно го почна мечот во Клуж. Поведовме со 1:3, па 3:5 и предноста ја одржувавме до 20. минута. Потоа, водени од Рамба, Романците направија серија 4:0 и поведоа со 9:7.

Следеше црн период во нашата селекција и во последните четири минути од првиот дел Романија влезе со предност од +2. Но, следеа голови на Лазаров, Манасков и Стоилов за израмување на половина минута до крајот. Следеше гол на Јулијан Мочану со звукот на сирената за 12:11 на полувреме.

„Жолтите" одлично го почнаа вториот дел, но Фотаче со два гола првпат донесе +3 за романската селекција, погодувајќи за 16-13. Сепак, квалитетот во нашата репрезентација донесе ново доближување, па на половина од второто полувреме, по седмерецот на Лазаров, се доближи до 18-17.

Следеа голови на Јонеа и Григорас и Раул повика тајм-аут прии 23-20 на неполни девет минути до крајот. Тоа го запали „алармот" во македонската одбрана, која почна да игра поагресивно во финишот и правеше чести прекини, а исто така попушти и концентрацијата на Романија која направи неколку брзоплети грешки и практично, заврши со борбата за СП. Најдобар во победничкиот табор кај Македонија беше Манасков со 7 гола, додека капитенот Кирил Лазаров даде шест гола. На спротивната страна, Григораш постигна девет гола, додека голманот Попеску беше еден од најзаслужните зошто Романија беше во игра на овој меч и заврши со 11 одбрани.

Share