hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Да ни понудеа ваква разлика пред мечот, сигурно ќе прифатевме

kiresoromanija

Очекувањата исполнети - Македонија собра одлична залиха од осум гола за реваншот во Романија. Победата од 32-24 беше зачинета со водство во текот на сите 60 минути и атрактивна игра на скоро сите македонски репрезентативци.

По натпреварот ракометарите не го криеја задоволството, но предупредија да не размислуваат како работата да е завршена.

„Да ни  понудеа ваков резултат пред мечот, ќе го прифатевме со две раце. Како да не очекувавме дека можеме да водиме со толкава разлика. Имаме солидна предност, а и не примивме многу голови. Ќе направиме добра анализа, како капитен очекувам помладите ракометари да имаат поголема вредност во тимот. Но, мора да внимаваме, не треба да размислуваме за гол-разликата, туку само да победиме и на гости", изјави Лазаров.

Капитенот постигна осум гола и повторно беше најефикасен во нашиот национален тим. Македонија се наоѓа на чекор до четврто Светско првенство по ред. Од Шпанија 2013 година секоја втора година Македонија е постојан учесник на Мундијалите.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share