hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за детството: Трениравме на цемент, патиките ги киневме на две недели!

kire detstvo

Кирил Лазаров за www.deca.mk се наврати на своите детски денови, на првите чекори во спортот, на предизвиците пред кои бил исправен и на жртвата што избирал да ја прави во име на огромната љубов кон спортот

„Од детството имаме и убави и неубави спомени, ама убаво е кога им се навраќаме. Убаво е да го вратиш филмот, да им го раскажеш на децата, оти ние, успешните луѓе, сме нивни идоли. Луѓето генерално имаат впечаток дека успешните едноставно се родени со среќа, ама тоа не е така", вели Кире Лазаров, нашиот најуспешен ракометар на сите времиња.

Ракометот не бил негов прв избор. Кире почнал да тренира кошарка.

„Почнав од мало место, мал град. Татко ми беше ракометар, бевме поврзани со спортот. Од мал покажав талент за спорт. Во четврто одделение почнав со кошарка. Мислев дека повеќе ми лежи, ама некако бев опкружен со ракометот, татко ми беше професионален ракометар. Тренинзи, натпревари, патувања, сето тоа беше дел од моето детство. Се дружев со луѓе посветени на ракометот и едноставно стана дел од мене. Во петто веќе тренирав", вели Лазаров.

Share