evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров: Овој бараж е посебен, Мундијалот може да води на Олимписките игри

kire pred romanija

Денес со првиот собир и веднаш потоа попладневен тренинг официјално започна „операцијата Романија" за македонскиот селектор Раул Гонзалез. Предводени од капитенот Лазаров, нашите ракометари како носители ќе ја имаат и улогата на фаворити во двомечот. По првиот собир капитенот изјави:

„Овој бараж за нас е посебно важен. Најважно е да бидеме здрави, си ја знаеме работата и сите посакуваме да се пласираме, бидејќи ова Светско првенство ќе биде квалификациско за Олимписките Игри. Романија е квалитетен противник. Можеби немаат настапи на големи натпреварувања последниве години, но го донесоа Чави Пасквал. Можеби не е атрактивен противник, но се квалитетни, јас ги познавам, имаат добри поединци".

Првиот натпревар со Романија се игра в недела од 20.30 часот во СЦ „Борис Трајковски'.