hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант без мака во четвртфиналето на Купот на Франција

nant - ren 1

Нант – Сесон Рен 37:16 (16:8)

Ракометарите на Нант обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Франција, откако пред своите гледачи извојуваа победа против Сесон Рен со 37:16 (16:8). Нашиот интернационалец Кирил Лазаров не настапи, бидејќи ја лекува повредата од натпреварот со Шпанија на Европското првенство во Хрватска. Одлично деби за екипата на Тјери Анти имаше норвешкиот интернационалец Еспер Ли Хансен, кој постигна три гола.

nant - ren 3

Во првиот официјален натпревар во 2018 година, францускиот бранител на титулата од Купот одигра авторитетен натпревар и не дозволи изненадување. Најефикасни поединци во победничката екипа беа Емоне со шест и Гурбиндо со пет гола, а кај поразениот гостин од Рен се истакна Лафранки со четири гола.

В сабота од 17.30 часот Нант му гостува на Кристијанштад во рамките на 11. коло на АА групата од Лигата на шампионите.

Share