hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Еспен Ли Хансен потпиша за Нант

li hansen

Францускиот претставник во Лигата на шампионите Нант по повредите на левата бековска позиција поради проблемите на Оливер Ниокас и Рудолф Фалувеги, доведе нов ракометар.

Норвешкиот репрезентативец Еспен Ли Хансен кој веќе има искуство од француското првенство, бидејќи настапуваше за Данкерк, ќе биде нов соиграч на Кирил Лазаров во Нант.

Со новиот клуб, Хансен потпишал договор до јуни 2019 година, а доаѓа од редовите на дански Митјиланд. Своето деби го очекува веќе овој викенд, а наскоро ќе ги одигра и првите европски минути за Нант.

Share