evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

„Hummel“ изработи специјални патики за Лазаров, првпат ќе се продаваат и на пазарот

patiki2

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров со години е заштитно лице на познатата компанија за спортска опрема „Hummel". Статусот на нашиот капитен во данската компанија е многу висок, па овој пат од „Hummel" изработија специјални патики во сино-бела боја и заштитното лого на нашиот ракометар – Лазаров 7.

patiki1

Овие патики десниот бек на Нант ќе ги носи уште на дербито со ПСЖ во шампионатот в четврток, а првпат овие патики ќе бидат пуштени во продажба, па од крајот на март и почетокот на април следната година секој ќе може да ги купи во официјалните продавници на „Hummel".

Заради популарноста на Лазаров во нашата земја и низ светот, несомнено е дека патиките добро ќе се продаваат.

patiki3

patiki4

patiki5