hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Златен гол на Клајн, Лазаров и Нант го совладаа и ППД Загреб

kireso zagreb19112017

Нант – ППД Загреб 28:27 (13:12)

Во драматичен дерби натпревар од осмото коло на Лигата на шампионите во ракомет, Нант го совлада ППД Загреб со 28:27 (13:12) и ја продолжи серијата на победи во најсилниот европски Куп.

Натпреварот започна израмнето и дури пет пати резултатот беше израмнет во половина од првиот дел. Клер и Матулиќ погодија за 9:7 во 19. минута. Французите одржуваа 1-2 разлика во финалната фаза на првиот дел. Лазаров влезе во игра во 20 минута, а Анти неколку минути подоцна повика минута одмор при 10-8.

Во 27 минута Вори изнуди исклучување и намали на 12:10, а потоа погоди и Мандалиниќ за -1. Лазаров од спротивната страна го постигна својот првенец за 13:11 на влез во последната минута. Израмнетиот прв дел го добија домаќините со 13:12 со отворени карти до крајот на натпреварот.

Домашната екипа добро го почна и вториот дел, Фалувеги погоди за 16:14, но брзо возврати Мандалиниќ за 17:17. Тогаш Лазаров со својот втор гол ја врати предноста на Нант, a потоа двапати го најде Буриќ за два гола и 20:18 за домашната екипа. Со серија 3:0 тимот на ППД Загреб го врати водството и Анти повика минута одмор при 20:21.

Лазаров ги презеде работите во свои раце, брзо го постигна четвртиот гол, па додаде до Буриќ за 22:22 на половина од вториот дел. Думулан беше одличен на голот, а Хрватите почнаа пречесто да грешат во нападот. Лазаров со петтиот гол погоди за 26:25, а Контрец возврати и израмни. Двете екипи направија серија на технички грешки и Нант на 100 секунди до крајот тргна во напад за победа при 26:26. Клер погоди на 27 секунди до крајот, но Вуглац израмни на 10 секунди до крајот. Сепак, играта седум на шест го остави празен голот на гостите, па Клајн постигна гол за 28-27, а Думулин со звукот на сирената го одбрани ударот на Мандалиниќ за финална победа на Нант.

Нашиот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар, постигна пет гола, а имаше и голем број на асистенции. Буриќ со седум гола се истакна кај Нант, а во таборот на ППД Загреб, најефикасни поединци беа Бичаниќ со 6 и Мандалиниќ со 4 гола.

Share