evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Нант се враќа со голема победа од Полска, совладана Висла со постојано водство

visla - nant

Висла - Нант 30:32 (13:16)

На враќањето на Лигата на шампионите, францускиот претставник Нант забележа важна победа и го заборави домашниот пораз од Шамбери пред четири дена. Екипата каде што настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров во рамките на А групата на Лигата на шампионите, од Полска се враќа со голема победа против Висла со 30-32 (13-16).

Ова е трет триумф во шест натпревари за францускиот претставник, кој Висла ја совлада и во првото коло на домашен терен. Лазаров беше стрелец на еден гол и полека фаќа ритам по неиграњето заради повреда. Мечот добро започна за момците на Анти, постојано водеа и ја одржуваа предноста. Во самиот финиш, носени од хрватските ракометари, домаќините се вратија во мечот, но Клајн ги закопа нивните надежи со гол за 30:32 и потврда на победата.

Најефикасни поединци во победничкиот тим беа Балагер со 9 и Клајн со 5 гола. Кај Висла се истакнаа Ивиќ и Михиќ со по 5 гола.