hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров по 12 години пак во Битола за последниот натпревар во кариерата на Ангеловски

лазаров седмерец ревијална

По 12 години Кирил Лазаров повторно играше пред битолската публика на последниот натпревар во кариерата на Бранислав Ангеловски. Капитенот на репрезентацијата беше пречекан со овации од близу 4.000 гледачи. Капитенот на националниот тим ги шутираше седмерците, но повторно беше ѕвезда број еден меѓу присутните.

Во нашата земја, Лазаров како изданок на школата на Овче Поле, првите професионални натпревари ги одигра за Борец на само 16 години, а во Пелистер мина четири сезони пред да се пресели во Хрватска и од тој момент уште настапува надвор од границите на нашата земја.

Од вторник Лазаров се враќа во својот клуб и ќе продолжи со рехабилитацијата пред завршните натпревари во францускиот шампионат и Лигата на шампионите.

ФОТО: www.gol.mk

Share