hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров тренира со националната селекција во Скопје

kire na trening vo sk

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров вчера се приклучи на тренинзите на македонската репрезентација на ЕХФ неделата. Повредата на стомачните мускули е минато и прегледите покажаа дека Лазаров се чувствува подобрo и вчера тој одвоено тренираше со екипата.

Надвор од стројот тренираа и Филип Кузмановски од Металург, како и Филип Талески, кој се мачи со повреда заработена при настапите за Рајн Некар Левен.

До крајот на неделата македонската селекција ќе тренира во Скопје за да ја создаде потребната хемија за Европското првенство во Хрватска. Во јануари противници на нашиот национален тим се Црна Гора, Словенија и Германија.

Share