hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров не настапи заради повреда, Нант загуби од Данкерк

dankerk - nant

Данкерк - Нант 30:22 (16:10)

Францускиот учесним во Лигата на шампионите, Нант го претрпе вториот пораз во новата сезона на францускиот шампионат. Првпат не настапи Кирил Лазаров заради повреда и тоа се почувствува во таборот на Тјери Анти, бидејќи Нант загуби во Данкерк со 30:22 (16:10).

Од самиот старт на мечот, Данкерк наметна силно темпо на игра и ведаш резултатски се одлепи. На полувреме се замина со +6 за домашниот тим, а во вторите 30 минути Нант неколку пати се обиде резултатски да се врати во игра, но без успех, па на крај заслужена победа од 30:22 славеше домашниот тим.

Пер и Лангаро постигнаа по 5 гола кај Данкерк, а кај Нант најпрецизен беше Турнат, кој постигна 6 погодоци. Нант по пет кола со 6 освоени бода се наоѓа на шестата позиција на табелата.

Share