evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров се врати во Каталонија, Нант пропушти можност за подвиг против Барса

22221835 1546407418739729 1681059126749584080 n

Барселона – Нант 31:25 (13:16)

Во дербито од 4. коло на Лигата на шампоните, Барселона го победи Нант со 31:25 (13:16) со одлично второ полувреме. Францускиот преставник пропушти голема шанса за подвиг, и иако настапи без Клерк, Ниокас и Клајн, имаше можност за победа.

Кирил Лазаров беше поздравен на почетокот од натпреварот во „Палау Блауграна", а го доби и признанието за најдобар десен бек во шпанската ASOBAL лига. Дуелот започна израмнето, се до 11:9 кога првпат се одлепија Каталонците. Но, водени од Думулин и Лазаров, гостите се вратија во мечот и поведоа со 11:12. Подоцна стрпливите Французи максимално ги користеа грешките на домаќините и на одмор заминаа со 13:16.

DLjZiEHX0AASAW6

Со серија на асистенции на Лазаров, тимот на Нант врза нова позитивна серија и поведе со 13:18. Првакот на ASOBAL лигата ја подигна агресивноста во одбраната и постигна три гола по ред преку Мем и Томас и намали на 17:19 во 40 минута. Тјери Анти веднаш повика минута одмор да ја смири екипата во моментите на криза. Барса комплетно се врати во натпреварот и Раул Ентериос израмни на 19-19 по три четвртини од натпреварот.

На половина од вториот дел Томас ја врати домашната предност, а Сипржак реализираше за 24-22 и Анти побара нова минута одмор. Играта на Нант се распадна и со серија 12:3 во половина полувреме, Барса поведе со +4. Валеро Ривера погоди двапати во контранапад за 26:22 во 42. минута. Потоа многу полесно од предвиденото шпанскиот првак го приведе натпреварот кон крај за финална победа од 31:25.

Најефикасни поединци во натпреварот беа Мем и Сипржак со по 6 и Томас и Нгесан со по 5 гола. Кај Нант, нашиот Кирил Лазаров постигна 4 гола, а имаше и 5 асистенции. Најефикасен во францускиот табор беа Легард и Фалувеги со по 5 гола.