Ракометарите на Нант го дознаа името на својот прв противник во Лига Купот на Франција. Најквалитетните екипи го започнуваат ова натпреварување во шеснаесеттина финалето, а Нант доби тежок противник и ќе се соочи со Сант Рафаел.
Ждрепката сакаше да се сретнат два француски претставници во европските купови, а ќе се игра само еден натпревар и тоа на теренот на Нант. Победникот ќе обезбеди пласман во осминафиналето. ПСЖ за противник го доби Понто, а Монпелје гостува кај Дижон.
Титулата од Лига Купот ја брани ПСЖ, а пред две сезони во ова натпреварување триумфираше Нант.