hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го надигра Монпелје и ќе игра за титулата од Суперкупот со ПСЖ

nant lazarov 34

Нант – Монпелје 31:28 (18:16)

Ракометарите на Нант ќе играат во финалето на „Трофејот на шампионите", што е прво официјално натпреварување во новата сезона и еден вид Суперкуп на Франција. Новата екипа на Кирил Лазаров во полуфиналето го совлада Монпелје со (18:16) по голема борба во Руен.

Во финалето во борбата за првиот трофеј во сезоната Лазаров и другарите ќе се соочат со ПСЖ, кој претходно во текот на денот извојува победа над Сант Рафаел со 35:28 (17:11).

Во текот на целиот натпревар Нант водеше, од моментот кога Ниокас го постигна првиот гол на средбата, преку првенецот на Лазаров, до серијата одбрани на Думулин.

На стартот на второто полувреме Нант одржуваше 2-3 гола предност, а неизвесноста траеше до 50. минута, кога Нант успеа да се одлепи на 28:24. Без драма екипата на Тјери Анти го приведе мечот кон крај за победа од 31:28.
Давид Балагер со 9 гола се истакна кај Нант, додека голманот Сирил Думолин забележа 21 одбрана. Лазаров имаше еден постигнат гол од пенал. Кај Монпелје, Каусе постигна 5 гола, а Жерар имаше 12 интервенции.

Share