hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го претстави новиот дрес на Нант

нант нови дресови

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров позираше со новиот дрес на Нант, неговата нова екипа. Лазаров беше еден од тројцата избрани кои ја промовираа новата опрема на францускиот клуб кој ќе игра во групната фаза на Лигата на шампионите.

Македонецот е едно од најголемите засилувања во европскиот ракомет и тоа го покажа уште во подготвителниот период во кој Нант овои три турнири, еден во Германија и два во Франција.

Екипата на Тјери Анти во новата сезона ќе дебитира на 1 септември во полуфиналето на Лига Купот против Монпелје. Првиот меч во францускиот шампионат Лазаров во дресот на Нант ќе го одигра против новиот прволигаш Маси.

Share