hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант и Лазаров пресилни за Силкеборг, освоен и турнирот во Ван

DHsKuSKWAAAsOLB

Ракометарите на Нант се освојувачи на турнирот „Морби Ханд" во Ван и со уште еден освоен трофеј ја завршуваат претсезоната. Екипата на македонскиот интернационалец Кирил Лазаров по вчерашната победа против Холстебро, денес е радуваше и со Силкеборг со 37-29 и покажа дека располага со неспорен квалитет, кој може да биде изненадување оваа сезона во францускиот шампионат.

Лазаров, како и синоќа, и попладнево беше движешка сила на екипата и покажа дека ќе биде дополнителна вредност на ланскиот победник на Купот. Тјери Анти по мечот беше презадоволен од сработеното и најави дека екипата е подготвена за новата сезона.

Првиот официјален предизвик за Нант е „Турнирот на шампионите" - турнир на четирите најдобри екипи од минатиот шампионат на Франција. Титулата од ова натпреварување од минатата година ја брани ПСЖ.

Share