Петтиот роденден на официјалната веб страница на Кирил Лазаров зачинет со француска верзија
Пред пет години на интернет просторот се појави првата официјална веб страница на еден наш професионален спортист. Веб страницата на Кирил Лазаров еволуираше, победуваше, се радуваше и тагуваше напоредно со нашиот најдобар спортист.
По пет години време е за нова верзија во нашата работа. Од денес на петтиот роденден на официјалната веб страница на Кирил Лазаров, започнува со работа и француската верзија со цел и француските навивачите на капитенот на нашата репрезентација да имаат можност да ги дознаат најновите актуелности поврзани со овој дел од кариерата на Лазаров. За некоја недела Кире ќе ги започне подготовките со својата нова екипа, француски Нант и ќе тргне во поход по едно од ретките неосвоиви полиња во неговата кариера.