Лазаров со Нант ќе дебитира на гости кај Маси
Оваа година со посебно внимание ќе го следиме ова француското ракометно првенство заради Кирил Лазаров, кој потпиша за Нант.
Според календарот, Лазаров ќе дебитира на 13 или 14 септември против новиот прволигаш Маси на гостински терен. Првиот домашен натпревар Нант го игра една недела подоцна против Сесон.
Сигурно најголемо внимение привлекуваат двата дуели против ПСЖ, кои „канаринците" ќе ги играат на 6 или 7 септември на домашен терен и на 13 или 14 април 2018 година на гостински терен.
Пред стартот на шампионатот, Лазаров за Нант ќе дебитира на „Трофејот на шампионите", на кој четири екипи ќе се борат за трофејот од Суперкупот на Франција. На и 1 и 2 септември на воведниот турнир од сезоната ќе учествуваат ПСЖ, Нант, Монпелје и Сант Рафаел.