hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Атлетико поразени во Копер

koper

Екипите на Цимос Копер, Адемар Леон и Копенхаген се стекнаа со предност над своите опоненти по првите четвртфинални натпревари во ракометната Лига на шампиони, додека мечот Загреб-Кил заврши без победник.

Цимос Копер, кој во фазата по групи играше против Металург, на домашен терен го победи Атлетико Мадрид, на Кире Лазаров, со 26:23.

Капитенот на македонската репрезентација против Цимос Копер постигна само три погодоци, унгарскиот репрезентативец Кривокапиќ го предводеше Копер со 5 гола.

Адемар Леон, против Берлин, се стекна со комотна предност од 34:23, која му гарантира настап на завршниот турнир.

Најинтересен меч одиграа Загреб и Кил, кој заврши без победник 31:31.

Загреб, кој во осминафиналето го елиминира Металург, беше многу блиску да му го нанесе само вториот пораз на Кил оваа сезона, но не успеа да ја сочува предноста од седум голови. Загреб на нецели две минути до крајот имаше предност од два гола, кои Кил успеа да ги анулира.

Копенхаген уште во петокот забележа победа од 29:23 над Барселона.

Возвратните четвртфинални дуели, по кои ќе бидат познати учесниците на завршниот турнир во Лигата на шампиони ќе се одиграат следниот викен

Share