hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Најважно е што во финалето во Келн ќе има Македонци

kirekeln

Кирил Лазаров воочи „фајнал-фор" за интернет страницата на ЕХФ зборуваше за своите успеси со Барса, но и за очекувањата воочи мечот со Вардар.

„Со овој тим го освоив пехарот во 2015 година, а наредниот викенд ќе го играм петтиот завршен турнир. Да се биде дел од тој настан навистина е посебен момент за секој ракометар. Она што е чудно во последните неколку години е тоа што фаворитот никогаш не го освојуваше трофејот. Можеби една од причините е тоа што треба да одиграш два перфекти натпревари за само 24 часа. Во Келн ќе дадам сè од себе за овој тим, бидејќи навивачите го очекуваат тоа од мене. Вардар има одлична сезона, а ова прашање мислам дека повеќе е политичко отколку спортско. Не сакам да се мешам, ниту пак да коментирам. Она што е најважно е дека во финалето ќе има двајца Македонци. Ако го победиме Вардар очекувам поддршка од македонските фанови кои ќе допатуваат во Келн за да го бодрат македонскиот шампион", заврши Лазаров.

Завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони е закажан за на 3 и 4 јуни, а првото полуфинале меѓу Вардар и Барселона ќе се одржи првиот ден со почеток од 18:00 часот.

Share