Барса слави кај Анаитасума и на чекор до четврта перфектна ASOBAL лига
Хелветиа Анаитасума - Барселона 22:28 (10:13)
Ракометарите на Барселона ја прокнижија и 29 победа во ASOBAL лигата и сега се наоѓаат на само една победа до својата четврта перфектна лига. По победата попладнево против Хелветиа Анаитасуна со 22:28 (10:13), на момците на Пасквал им преостанува само уште еден натпревар за бодови и обидот на двата завршни турнири да освојат уште два трофеи. Во Леон Барса ќе го брани Купот на Кралот, а во Келн ќе се обиде да го врати трофејот од Лигата на шампионите.
Кирил Лазаров во својот претпоследен натпревар во дресот на Барса во шампионатот на Шпанија пак блескаше натпреварот го заврши со 7 гола како најефикасен поединец. Голманот Перез де Варгас собра 13 интервенции и исто така беше еден од најзаслужните за победата.
Кире Лазаров се наоѓа пред уште едно историско остварување, бидејќи му недостига само уште победа во последното коло против Хуеска за цела својата епизода во Барса да ја заврши без пораз во ASOBAL лигата со 120 победи од исто толку натпревари.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА: