hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Активен пораз од два разлика на Барса во Кил, одлуката в сабота

kiewwwerr

Кил - Барселона 28:26 (16:15)

Кил ја совлада Барселона со 28:26 (16:15) во првиот натпревар од четвтфиналето на Лигата на шампионите во ракомет. Одлуката за патникот на „фајнал-фор" ќе падне следната сабота во „Палау Блауграна".

Домаќините по 8 минути имаа водство од 5:2, кога Екберг погоди во 18 минута веќе беше високи 9:4. Во игра влезе капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров и Барса во 22 минута намали на 11:10, а на одмор замина со 16:15.

На стартот од второто полувреме нашиот Ристовски беше заменет со Гонзало де Варгас, кој се врати на терените по операцијата на прстот. Кил повторно се оддалечи на +4 на средина од вториот дел. Во 52та минута Рене Тофт Хансен заработи син картон, откако заедно со Лацковиќ стартуваа грубо над левиот бек на Барселона, Ваел Жалуз. И покрај драмата во финишот „зебрите" ја задржаа предноста од два гола (28:26).

Вујин постигна 10 гола, Екберг даде 6, а Винчек беше автор на 4 гола. Кај Барселона, Раул Ентрериос мечот го заврши со 4 гола, Ривера, Јиха, Сипржак и Жалуз дадоа по 3 погодоци. Кирил Лазаров овој дуел го заврши со 2 погодока.

 

Share