hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барселона математички ја потврди ASOBAL титула

barca sh

Македонските интернационалци Кирил Лазаров и Борко Ристовски со Барселона и математички се шампиони на Шпанија во ракомет и тоа на четири кола до крајот на АСОБАЛ лигата. Вечерва во „Палау Блауграна", Каталонците ја совладаа екипата на Бидасоа Ирун со 39:25 (24:12) и не можат да бидат стигнати до крајот на сезоната од ниту една екипа. Ова е седма титула по ред за Барса во домашниот шампионат, четврта за Лазаров, а прва за Ристовски.

151-от натпревар екипата на Пасквал е без пораз во натпреварите на домашна сцена и оваа серија е предодредена да расте. Борко Ристовски вечерва на голот на Барселона собра 12 одбрани, а Кире Лазаров беше стрелец на 4 гола. Аитор Арињо со 7 и Тимоти Нгесан со 6 гола беа најефикасни во домашната екипа.

Барселона сега ја очекува гостување против Кил в недела во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Share