hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

21 меч и 21 победа за Барса во ASOBAL лигата

angel 1

Ваљадолид – Барселона 25:38 (12:16)

Ракометарите на Барселона ја забележаа 21. победа во ASOBAL лигата, откако вечерва на гости го совладаа тимот на Атлетико Ваљадолид со 25:38 (12:16). Така воочи крајот на групната фаза на Лигата на шампионите, екипата на Пасквал се наоѓа пред уште едно остварување на целта.

Домаќините подобро го отворија мечот и со головите на Касадо и Диаз поведоа со 4:2. Нашите интернационалци Лазаров и Ристовски почнаа во стартниот тим и капитенот на националната репрезентација погоди од својот прв обид. Полека фаворитот фаќаше ритам и во 13. минута со двата гола на Саубич поведе со 6:8.

Од тој момент предноста на гостите само се зголемуваше и Лазаров со уште два гола во финишот на првиот дел му се приклучи на одличниот Ривера за солидни 12:16 на полувреме.

Вториот дел започна со серија на голови на Сипржак и Раул Ентрериос и гостите брзо се одлепија до 13:20. Гостинскиот тренер ги ротираше сите свои ракометари, па во вториот дел Сипржак и Јиха погодија за +8 на половина од второто полувреме.

Кога Ласе Андерсон погоди во 52. минута, за првпат Барселона имаше двоцифрена предност (22:32). До крајот со многу леснотија фаворитот го приведе мечот кон крај за финални 25:38.

Најдобри поединци во победничката екипа беа Ривера и Саубич со по 6 гола, а нашиот Лазаров беше автор на 5 гола.. Кај Ваљадолид се истакнаа Гунтин и Виктор Родригез Коста со по 4 гола.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

Share