hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса подобра и од Бенидорм во генералката пред гостувањето во Кил

lazarov so irun 21

Барселона – Бенидорм 38:28 (21:13)

Во првиот натпревар од 20 коло на ASOBAL лигата, Барселона го совлада Бенидорм со 38:28 (21:13) и го продолжи максималниот учинок на домашната сцена.

Мечот започна израмнето и со головите на Јиха и Нгесан, Барса и Бенидорм играа гол за гол до 3:3. Следеше првото одлепување на домаќините и со лесни голови на Ривера и Дика Мем, домаќинот дојде до 7:4. Полека се разиграа сите ракометари на Пасквал и Ривера од седмерец и Саубич од контра првпат предноста ја донесоа до +4.

Борко Ристовски застана меѓу стативите во 15 минута, а Лазаров првиот гол го постигна во 20 минута за 13:9. Полека се разиграа бековите на Барса и Миле Мијушковиќ до одморот прими дури 21 гол. Најчесто погодуваа крилата, а вторпат реализираше и Лазаров од контранапад за 20:11 во 27. минута. По високите 21:13 на одморот, јасно беше дека бодовите ќе останат во Каталонија.

Уште во 32 минута Барса првпат дојде до двоцифрена предност, кога Арињо погоди за 23:13. Потоа со многу леснотија екипата на Пасквал само ја зголемуваше предноста. Борко Ристовски одрани неколку топки, а со игра гол за гол Јиха и Арињо погодија за 29:19 во 43. минута. Следеа два ефектни гола на Лазаров за 30:20 и 32:20 на десет минути до крајот. Без многу пот и со целосна ротација Пасквал го приведе натпреварот кон крај за финални 38:28 и 20 победа во ASOBAL лигата за Каталонците.

Во екипата на Барселона најефикасни беа Саубич и Ноедсбо со по 6 и Лазаров со 4 гола, а кај Бенидорм се истакна Давид Хименез Хименез со 8 гола. Борко Ристовски на голот на домаќините собра 9 интервенции. В недела екипата на Кирил Лазаров му гостува на германскиот вицешампион Кил во „Шпаркасе арената".

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share