Мечот со Шведска, потешкиот пат за пласман на ОИ
Техничките грешки и катастрофалната игра на македонската репрезентација, во ситуација кога имаше играч повеќе на теренот, се основната причина за поразот од Унгарија 26:28, во првото коло на предолимпискиот турнир во Гетеборг.
Капитенот на репрезентцијата Кире Лазаров со 7 гола беше најефикасен на мечот, но имаше половична реализација на ударите од поле. Според него, „подолгата клупа“ на Унгарците била пресудна за победата, исто така, капитенот смет,а дека екипата не одиграла ниту со 60 отсто од можностите.
Селкеторот на репрезентацијата смета дека поади играта во нападот дошол поразот.
„Не бевме инфериорни, а загубивме од нашите грешки. Бевме деконцентрирани во нападот, во ситуација кога имавме играч или два повеќе на теренот, што накрајот го реши победникот“, рече Звонко Шундовски.
Селекторот и капитенот се едногласни во уште една работа, а тоа е дека мечот со Унгарија треба што побргу да се заборави и со сите сили репрезенатцијата да се насочи на саботниот дуел со Шведска.
Македонија и Шведска последен пат се сретнаа на ЕП, во групата во Ниш, натпреварот заврши без победник 26:26.