hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров во идеалниот тим на Ф4 турнирот во ЛШ

kire1

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е избран во идеалниот тим на Ф4 турнир, во Лигата на шампионите, кој викендов се одржа во Келн.

Лазаров, со блескавата партија во полуфиналето против Копенхаген, го однесе својот тим во финалето, но таму тој и соиграчите беа немоќни против фантастичниот голман на Кил, тери Омејер.

Предводникот на Атлетико, турнирот го заврши со 16 постигнати голови (11 против Копенхаген и 5 против Кил) со што го подели првото место до Филип Јиха (Кил).

Покрај Лазаров (десен бек) на бековските позиции се најдоа Икер Ромеро, Берлин (среден бек) и Филип Јиха, Кил (лев бек). Голман е Тиери Омејер, Кил, најдобар пивотмен е соиграчот на Лазаров Хулиен Агиналде, додека на крилните позиции се најдоа играчите на Копенхаген Валур Сигурдсон и Никлас Екберг.

Кире Лазаров сезоната 2011/2012 во Лигата на шампиони, ја заврши како втор стрелец со 97 постигнати голови, еден помалку од Микел Хансен од Копенхаген.

Share