Осум играчи од Монпеље во Ал Саад против Лазаров и Атлетико
Катарскиот клуб Ал Саад (поранешен клуб на IHF Супер глобе на Кирил Лазаров) потпиша позајмица на осум играчи од Монпеље за поддршка на тимот на IHF Супер глобе 2012, кој ќе ќе се одржи од 27 август до 1 септември. Звездите на францускиот првак Никола Карабатиќ, Вилијам Акамбре, Кристијан Малмагро, Примож Прост, Висем Хмам, Исам Teџ, Михаел Гигу и Драган Гакиќ, ќе играат за овој клуб само на овој турнир. Ал Саад исто така потпиша договор со тренерот на Монпеље Патрис Канаје.
Европскиот вицешампион Атлетико Мадрид на нашиот Лазаров ќе се натпреварува со Ал Замалек (Египет / Африка), Методиста Сао Бернардо (Бразил / Пан Америка) и Ал Јаиш (Катар, вајлд карта учесник). Домашниот Ал Саад е во групата со европскиот првак Кил, а само една екипа од групите ќе има место во финалето.
ИХФ Супер глобус ќе се одржи во Арена Ал-Гарафа во Доха.