hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Швајцарија ривал на Македонија за ЕУРО 2014

lazarov-so-avstrija

Ракометната репрезентација на Швајцарија е третиот ривал на Македонија во квалификациите за Европското првенство што 2014 година ќе се одржи во Данска.

Швајцарците на неодамна завршените натпревари во групата во Бари од првата квалификациска фаза го освоија првото место, пред Италија, Грција и Велика Британија.

Покрај Швајцарија пласман во втората фаза од квалификациите како првопласирани изборија уште репрезентациите на Романија, Украина и Турција, додека како две најдобро второпласирани од четирите групи пласман изборија Летонија и Израел.

Според тоа составот на седумте групи од втората фаза квалификации е следниот:

 

Група „1“: Шпанија, Македонија, Португалија, Швајцарија.

 

Група „2“: Германија, Чешка, Црна Гора, Израел.

 

Група „3“: Франција, Норвешка, Литванија, Турција.

 

Група „4“: Хрватска, Унгарија, Словачка, Летонија.

 

Група „5“: Полска, Шведска, Холандија, Украина.

 

Група „6“: Исланд, Словенија, Белорусија, Романија.

 

Група „7“: Србија, Австрија, Русија, Босна и Херцеговина.

 

Пласман на ЕП покрај Данска (домаќин и европски шампион) ќе изборат двете првопласирани селекции и најдобрата третопласирана репрезентација (но сметајќи ги само резултатите со двете првопласирани).

Натпреварите од првото коло од квалификациите ќе се играат на 31 октомври или 1 ноември. Македонија на стартот игра на домашен терен токму со Швајцарија.

 

Share