hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Митревски: „Одлична судиска презентација„

dime i baze

Како и на сите големи ракометни манифестации, така и во Барселона присутни беа битолските интернационални судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Нивниот рапиден скок во кариерата е видлив и за очекување е наскоро да им припаднат и големи мечеви за арбитража. Митревски се осврна на начинот на кој се судеше на ова првенство:

 „Мислам дека македонските судии Николов и Начевски имаа одлична судиска презентација. Можеби требаше да судат и во финалниот натпревар, но и малото финале е голем успех и признание. Инаку генерално мислам дека судењето на ова првенство беше на високо ниво. Не постојат лесни и тешки натпревари за судиите. На ова првенство имаше многу мечеви кои се одлучија без драматика во финишот на средбите. Но судијата мора да биде внимателен, да не се опушти, бидејќи така доаѓаат несакани грешки„ подвлече битолчанецот Митревски. Со три интернационални судиски пара, сите составени од млади момчиња, Македонија има голема перспектива во светот на ракометното судење.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share