Спортскиот весник „Македонски спорт„ го најави големиот меч со Данска како дуел на титаните: Микел Хансен против Кирил Лазаров. Кога последен пат во репрезентативниот дрес играа еден против друг, тоа беше спектакуларно.
На тој меч во Белград кој го загубивме, македонецот постигна 13, а данецот 12 гола. Еве ги детално ремек-делата на најдобрите шутери на планетата.